Македонија

Тошковски и Бојмацалиев за денешните претседателски и парламентарни избори

,, Како што помина и првиот круг од претседателските избори и денешниот втор круг помина во една фер, демократска и слободна атмосфера. Македонската полиција и овој пат беше на висина на својата задача. Им честитам на граѓаните кои не подлегнаа на никакви притисоци, излегоа на слободни и фер избори, да го дадат своето право на глас.”, изјави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

,,Денес во Република Македонија се оддржаа можеби најмирините, најдемократските и најфер избори кои што било кога се случил, особено од безбедносен аспект. Не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес, не се констатирани посериозни нарушувања во текот на целиот ден. Пред се сакам на им се заблагодарам на македонските полицајци, на сите полициски службеници кои што макотрпно раотеа во изминатиов период, особено во текот на денешнот ден. Се заблагодарувам на македонските граѓани кои на фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме под европското семејство. Огромна благодарност до сите набљудувачи, сите они допринесоа денес да имаме еден нормален изборен процес.”, изјави Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На почеток