Македонија

Славески во ,,Претрес”: Мицкоски ќе го добие мандатот

Трајко Славески, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во подкастот ,,Претрес со Ландов”, посочи дека мандатот ќе го добие Христијан Мицкоски и дека нема потреба да се чека 20 дена.

,,Ова е еден пресврт, значаен момент, прв неуспех на ДУИ после долго време. Сите констатиравме што науми ДУИ, тоа ќе го направи. Сега не успеа, ова директно го води ДУИ во опозиција, треба да се помират со тоа.”, вели Славески.

,,Примарна цел беше овој режим на владеење да биде заемент со поодговорна влада, да се добие одговорноста да се владее со државата, главното е она што допрва доаѓа”, додава Славески.

На почеток