Македонија

Адеми: Европскиот фронт ќе има над 20 пратеници

Арбер Адеми од Европскиот фронт на прес конференција рече дека тие ќе имаат над 20 пратеници.

Од изброени 50% од гласачките ливчиња, разликата меѓу нив и опозицијата е над 30 илјади гласови.

,,Речиси во сите општини сме во предност, и тоа во Дебар со 2:1, Струга повеќе од 2:1, Кичево 5:1, Врапчише повеќе од 2:1. Во предност сме во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково”, рече Адеми.

Европскиот фронт ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум кој ќе ја запечати европската иднина на земјата. Враќање назад нема и нема да има, бидејќи волјата на граѓаните е пред сè. На 24 април и денес народот го кажа својот збор и Европскиот фронт ќе остане засекогаш верен на волјата на гласачот. Вечерва победата е наша, на сите вас кои кажавте „не“ на Русија, „да“ за Европа. Исто како и денес активното учество на граѓаните во политичките процеси ќе биде одлучувачко за понатамошното унапредување на демократијата во Северна Македонија, рече Адеми.

На почеток