Македонија

(Видео) ДУИ оди во опозиција, објави Мицкоски

„Време е ДУИ со СДСМ да оди заедно во опозиција“, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го најави заминувањето на Али Ахмети од власт.

„За секое ветување од моите сили ќе го дадам секој атом за остварување. Вечерва се покажа дека нема Македонија на ДУИ, на СДСМ, нема ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту Македонија на било која партија. Нема лева, десна, источна и западна. Има само една вечна Македонија“, рече Мицкоски.

Тој упати благодарност до сите гласачи.

На почеток