Денес попладне и вечерва повторно врнежи и грмежи
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/08/301161724_590774289354954_6823866186930323195_n.jpeg)
Нашата територија и денес ќе се наоѓа под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од југозапад, која е поврзана со циклонската актиовност со центар над Медитеранот.
Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град.
Апелираме во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Во Скопје и околината исто така до крајот на денов ќе има повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)