Македонија

Инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна до 12 мај

Според законските правила инаугурацијата на новоизбраниот претседател Гордана Силјановска-Давкова треба да се случи најдоцна до 12 мај(недела). Тоа е денот кога истекува мандатот на Стево Пендаровски. Таа пред пратениците од се уште актуелниот состав треба да има обраќање и да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот 5 годишен мандат.

Седницата за инаугурација на новиот претседател треба да ја свика актуелниот претседател на Собранието Јован Митрески.

Доколку инаугурацијата на новиот претседател се случи на 12 мај, тогаш тој треба да го додели мандатот за новиот состав на Владата. Вчера се одржаа и избори за нови пратеници. Мандатот на новиот собраниски состав што беше избран и треба да биде верификуван од ДИК, почнува да тече од конститутивната седница на собранието. Според одредбите од Уставот, новоизбраниот парламент се состанува на седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Седницатa ја свикува претседателот на собранието од претходниот состав. Доколку пак тој не закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат, да го состават собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

На почеток