Македонија

(Видео) Кој ќе биде првиот проемнет во СДСМ?

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во „Претрес со Ландов“, одговараше на прашањето кој прв ќе биде променет во партијата. Според неа, прво ќе биде променета перцепцијата на раководството која ја има за тоа каде се наоѓа партијата и како котира кај јавноста.

„Ние сме исправени пред отчетен конгрес. Утрото е попаметно од ноќта“, рече Лукаревска.

Таа кажа дека раководството треба да биде свесно за своите грешки, исто како што и таа е свесна за нејзините постапки.

Инаку, вчера се отвори прашањето дали Димитар Ковачевски е првиот кој си оди од партијата која паѓа од власт, а по неговата прес-конференција оставка дадоа Перо Костадиновски и Фатмир Битиќи кои беа во раководните структури на СДСМ.

На почеток