Филипче добил 18.001 глас за претседател на СДСМ, немало никој против, а има 139 неважечки ливчиња

Од
Објавено на

18.140 члена гласаа за нов претседател на СДСМ, со единствен пријавен кандидат, актуелниот лидер, Венко Филипче. Тој добил 18.001 глас, а имало 139 неважечки ливчиња, соопшти Бранко Георгиевски – претседател на Централната изборна комисија од партиското седиште, по што ова беше поздравено со долг аплауз.
„Му честитам претседателот Венко Филипче за четири годишниот мандат“, рече Георгиевски.
