Свет

Путин одлучи кој ќе биде руски премиер

Поранешен шведски премиер: Путин сонува за царство, сака да ги проголта Украина и Белорусија

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.

Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.

И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и значајни позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.

„Претседателот Владимир Путин достави до Државната Дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за премиерската функција. Пратениците денеска ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на своите избирачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, во апликацијата за пораки Телеграм.

Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој првпат го номинираше Мишустин за премиер во јануари 2020 година, кога владата на чело со Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.

Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.

На почеток