Спорт

(Видео) Ѓоковиќ во болница: со шише погоден во глава

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е удрен со шише во глава додека давал автограми по мечот против францускиот тенисер Корентин Муте, во второто коло на Мастерсот во Рим, јави Радио-телевизија Србија.

Едно од децата кои барале автограм ја извадило тетратката од ранецот, но додека се наведнало кон Новак, алуминиумското шише паднало од трибината, и тоа директно на главата на најдобриот светски тенисер.

Дека ситуацијата не е наивна говорат и информациите дека Ѓоковиќ експресно бил испратен во болница бидејќи имал исекотина на темето, бидејќи шишето не било празно и ударот не бил нималку наивен.

По ударот, како што може да се забележи и од видеата од инцидентот објавени на социјалните мрежи, Ѓоковиќ останал кратко да лежи на подот, по што добива помош од неколку лица, а потоа со нив оди во соблекувалната.

На почеток