Спорт

Нов пресврт: Полицијата не го пронајде лицето кое му паднало шишето на главата на Новак

Главна вест во спортскиот свет во моментов е инцидентот што се случи на турнирот во Рим кога Новак Ѓоковиќ се повреди и заврши во болница. Во главата го удрило метално шише кое случајно испаднало од ранецот на момче кое сакало само автограм.

Откако бил удрен, Ѓоковиќ ги ставил двете раце на главата, а потоа се свиткал на земја додека чуварот го штител. Потоа му помогнаа да се спушти низ тунелот до соблекувалната.

Ѓоковиќ имал испакнатина на главата и лекарите го прегледале, објавија организаторите на турнирот. Тој не ја одржа вообичаената прес-конференција по натпреварот.

„Напуштајќи го централниот терен по натпреварот, Новак Ѓоковиќ беше удрен со шише со вода во главата додека даваше автограми. Тој добил медицинска помош и веќе го напуштил комплексот за да се врати во својот хотел. Неговата состојба не е причина за загриженост“, се вели во соопштението на организаторите.

Ѓоковиќ имаше малку крв на главата, но не му требаа конци, изјави портпаролот на Италијанската тениска асоцијација Алесандро Катапано.

Полицијата не го пронајде лицето.

На почеток