Охрид

Две лица се уапсени во Охрид откако полицајци го треселе нивниот автомобил, а се случила и една несреќа

На 11.05.2024 во 02.30 часот, на паркинг на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид од слобода ги лишија М.К.(33) и Н.С.(38), двајцата од Охрид. При преглед извршен во патнички автомобил „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, во кој се наоѓале, М.К. е затекнат при користење бела прашкаста материја, а по дополнително преземените мерки, кај Н.С. пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.05.2024 во 18.00 часот било пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид Д.Г.(21) од Охрид управувајќи моторцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На почеток