Магазин

Сите медиуми од Холандија се повлекоа од Евровизија, настана „хаос“ во арената Малме

Откако ЕБУ реши да го дисквалификува од натпреварувањето холандскиот репрезентативец Јост Клајн, во Малем арената се случи целосен колапс, јавува известувачот за српски „Телеграф“.

Како што неофицијално дознава новинарот на Телеграф, сите холандски медиумски екипи решиле да се повлечат и повеќе да не ја следат Евровизија.

Сите претставници на медиумите сочувствуваат со својот претставник, поради што решија да се повлечат.

Да потсетиме, шведската полиција ја истражуваше жалбата на една членка на продукцискиот тим по инцидентот по неговиот настап во полуфиналето во четвртокот вечерта.

За потсетување, Холанѓанецот ги избриша сите фотографии и видеа поврзани со Евровизија 2024 од својот Инстаграм профил и приказни.

Тој е меѓу деветте финалисти од второто полуфинале и присуствуваше на конференција за медиумите.

Седеше во близина на Израелката и цело време ја криеше главата под знамето на својата земја. Кога таа почна да одговара на прашањата, Јост целосно ја покри главата.

На почеток