Македонија

Напад со беспилотно летало на руска територија: Пожар избувна во рафинерискиот комплекс

Пожар избувна во рафинерискиот комплекс во Волгоград по пад на дрон, соопшти гувернерот на Волгоградската област Андреј Бочаров.

„Екипите за противпожарна заштита и спасување веднаш излегоа на лице место и го изгаснаа пожарот. Немаше човечки жртви“, објави регионалната администрација на својот канал Телеграм, повикувајќи се на гувернерот, пренесе агенцијата ТАСС.

Руските сили за воздушна одбрана одбија напад со беспилотни летала синоќа во регионот на Волгоград, потврди Бочаров.

На почеток