Македонија

Скопјанец среде полноќ настрадал на патот кон езеро Младост

На 12.05.2024 во 00.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Р-1102 езеро Младост – Велес, пред крстосницата за село Отовица, велешко, Ѓ.С.(35) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

На почеток