Македонија

(Видео) Ако јас можам да бидам претседателка, можете и вие, им се обрати Силјановска на жените и кажа дека само Мицкоски верувал во нејзина победа

Претседателот на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова кажа дека таа не верувала во победа на изборите, а единствен кој ја убедувал и верувал дека тоа ќе биде така, бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Му се заблагодари преку својот говор во Собранието.

„Ќе го почитувам овој Парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги паметам само добрите. Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани, нема да правам разлика меѓу нив. Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови, кои се најголемата обврска која сум ја имала во животот. Ќе сторам се за да ја оправдам. Време е за единство“, рече Силјановска-Давкова.

Кажа дека првите честитки ги добила од жени-политичарки од сите континетнти и сите области.

„Зошто сакам овој говор да го посветам на жените.. Во ова Собрание јас законите ќе ги читам и ќе укажувам дека не мора да дојде до вето, дека може да направиме преку обраќањето некои корекции. Кога ќе именувам, или кога ќе предлагам членови на Судски совет, Уставен суд, ќе тргнувам од стручноста и компетентноста. За жал жените ги нема во политиката, затоа сум среќна што ќе инспирирам други жени. Ако јас можам да бидам претседателка, можете и вие! Запомнете“, додаде Силјановска-Давкова.

Посочи дека силните жени можат да ги решаваат проблемите, меѓу државите, нациите.

„Оваа држава ја немаме само благодарение на комитите, туку и поради комитките, оваа земја ја немаме само поради партизаните, туку и поради партизанките“, додаде Силјановска-Давкова.

Додаде дека зад успешни жени стојат мажи, како што е нејзиниот сопруг.

„Јас, Мицкоски пред 2019 година само еднаш го видов на телевизиските екрани. Довербата е многу важна, јас ќе ја оправдам – не поради долг кон политика или партија, туку бидејќи добив шанса да бидам опкружена со многу жени“, додаде Силјановска-Давкова.

На почеток