Свет

Отворен нов премин меѓу Израел и северна Газа за испорака на помош

Израел силно ја напаѓа централна Газа, семејствата кои се засолниле таму повторно бегаат

Израелските одбранбени сили (ИД) денеска соопштија дека е отворен нов премин со северниот дел на Појасот Газа за испорака на хуманитарна помош – западен Ерез.

Преминот се наоѓа во областа Зиким во Израел и е изграден од Одделот за инженерство и Дирекцијата за премини на Министерството за одбрана на Израел и инженерската единица на ИД, објави „Тајмс оф Израел“. ИД соопшти дека преминот е отворен „како дел од напорите за зголемување на рутите за помош до Појасот Газа, особено кон северот“.

Се посочува дека по безбедносните проверки, од израелското пристаниште Ашдод веќе поминале десетици камиони кои превезуваат брашно за Појасот Газа, испратени од Светската програма за храна (WFP).

На почеток