Македонија

Заев и Ципрас го осудиле „националистичкиот популизам“ од двете страни

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за да разговараат за најновите политички случувања во Северна Македонија, пишува грчки „Катимерини“.

Ципрас и Заев разговарале за политичкиот случувања кај нас, а освен важноста на Договорот од Преспа, според информациите на МИА од Атина, посочиле и „колку е лицемерен и опасен националистичкиот популизам што се разви и на двете страни“.

„Тие ја истакнаа загриженоста за порастот на националистичкиот популизам, означувајќи го како лицемерен и опасен. Двајцата политичари се согласија да продолжат со иницијативи насочени кон одржување на мирот, зачувување на Преспанскиот договор и поттикнување поблиски односи помеѓу Грција и Северна Македонија“, изјави извор близок до Ципрас.

Заев и Ципрас се договориле да преземат заеднички иницијативи за поддршка на Договорот од Преспа.

На почеток