Македонија

(Во живо) „Претрес“ на Игор Југ осуден како нарачан за да го елиминира Зоран Заев – сите детали за „27 април“

Осудениот за „27 април“, Игор Југ, за кого обвинителката Вилма Русковска кажа дека имал задача да го елиминира Зоран Заев, а експремиерот Заев кажа дека е лик без храброст, е гостин во подкастот „Претрес со Ландов“. Ќе ги поставиме сите прашања кои во изминативе седум години немале одговор, а со оглед дека Југ издржува затврска казна од 11 години затвор.

Кој е Игор Југ, хрватски националист, усташ, бугарски платеник, македонски патриот?! Носеше ли пиштол во Собранието на 27 април и ако да, зошто? Имало ли договор и со кого? Се познавал ли со Александар Василески-Нинџа, кој што беше сведок во „27 април“?

Ќе бараме и одговор кои се политичките елити за кои Југ рече дека се директни и индиректни творци на 27 парил. Зошто му најави на Груевски дека ќе му врати за тоа што ги предал?

Ги поставуваме и вашите прашања, кои можете да ги напишете во коментар во LIVE-CHAT-от на „јутуб“ – СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

 

На почеток