Палчо пристигна: Со силно полициско обезбедување патува кон затворот Шутка

Од
Објавено на

Љупчо Палевски Палчо слета на скопскиот аеродром. Следната дистинација на Палчо е истражниот затвор во Шутка. Таму го чека посебна ќелија под посебни протоколи за што веќе објави Скопје1.
Палевски е првоосомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, и во обид да избега беше уапсен во Баликесир Турција.
Во истажниот затвор Шуто Оризари се спроведуваат посебни оперативни мерки поради екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо. Во затворот се пристигнати специјални единици, а сите затвореници се под клуч односно како одделенијата така и ќелиите.
