Експлодираше киоск во Дизелдорф: 3 лица загинаа, 16 се повредени
Три лица загинаа, а 16 се повредени при експлозија на киоск во текот на ноќта во станбена зграда во германскиот град Дизелдорф, јавуваат германските медиуми.
Според нив, од 16-те повредени двајца се во животна опасност по експлозијата и пожарот во станбената зграда.
Од противпожарната служба соопштија дека киоскот е целосно опожарен, а пожарот се проширил и на првиот кат од станбената зграда.
Пожарот подоцна бил изгаснат, а истрагата за причините за пожарот е во тек, соопшти полицијата.
Засега не е јасно дали се работи за несреќа или технички дефект, изјави портпаролот на полицијата во Дизелдорф.
Повеќе од 100 пожарникари се на терен, пишува германски Велт.