Свет

Голема операција на Франција на остров во Пацификот, се повеќе мртви: „Ние сме под опсада“

Франција започна голема операција за спроведување на законот во јужниот пацифички архипелаг Нова Каледонија за да го расчисти патот до аеродромот, откако во немирите против изборните реформи загинаа шест лица.

Оваа операција „со повеќе од 600 жандарми“ има за цел „да ја врати целосната контрола на 60-те километри од главниот пат меѓу Нумеа и аеродромот“, објави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин во пораката на X.

Операцијата, меѓу другото, беше започната откако Нов Зеланд побара од Франција да обезбеди аеродром за враќање на нејзините државјани. Подготвени сме да полетаме и чекаме одобрение од француските власти“, изјави министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Петерс.

Бидејќи летовите до и од Нова Каледонија беа прекинати од вторникот, владата на архипелагот процени дека околу 3.200 луѓе се блокирани на аеродромот. Франција го обвини Азербејџан дека во петокот поттикнува немири на неговиот пацифички остров Нова Каледонија, преплавувајќи ги социјалните мрежи со лажни фотографии и видеа насочени кон француската полиција.

„Ние сме под опсада“, рече градоначалникот на главниот град. Запалени се неколку згради, а ситуацијата е далеку од мирна“, изјави Соња Лагард.

Немирите започнаа во понеделникот кога Франција расправаше за нацрт-законот со кој на илјадници француски граѓани во јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право да гласаат на покраинските избори. Движењето за независност на Нова Каледонија стравува дека таквата промена ќе резултира со слабеење на политичкото влијание меѓу домородниот народ Канак. Националното собрание во Париз преку ноќ ја усвои реформата со 351 глас за и 153 гласа против.

За Париз, Нова Каледонија е важна воено и геополитички, но и поради наоѓалиштата на никел.

На почеток