Македонија

Сообраќајка на патот кон Козјак: има повредени откако земјоделска машина се судри со товарно возило

На 18.05.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат за ХЕЦ Козјак, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.М.(42) од с.Дражилово, општина Сопиште и мотокултиватор управуван од Н.С.(35) од с.Батинци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотокултиваторот Р.Б.(57) од с.Батинци, возачот Н.С. се здобил со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На почеток