Македонија

Прегазен пешак во Прилеп: возачот имал 23-години

На 18.05.2024 во 21.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул.,,Гоце Делчев” во Прилеп, патничко моторно возило „ауди” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(23) од Прилеп, удрило во пешакот Л.Т.(63) од Прилеп.

Во несреќата Л.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На почеток