Свет

Иранскиот потпретседател ја превзема функцијата претседател, има 50 дена да организира избори

Како што се очекуваше, иранскиот потпретседател Мохамад Мокбер привремено ќе ја преземе администрацијата на земјата, потврди врховниот лидер Али Хамнеи.

Мохамад Мокбер ќе има 50 дена да организира нови избори во соработка со лидерите на судската и законодавната власт, додаде Хамнеи.

Иран, исто така, ќе прогласи петдневна национална жалост по смртта на претседателот Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.

Во посебна изјава објавена од иранската државна новинска агенција ИРНА се вели дека владата одлучила Али Багери Кани, кој беше заменик министер во Министерството за надворешни работи, да стане вршител на должноста министер за надворешни работи.

На почеток