Македонија

Гласаат затворениците, болните и изнемоштените пред утрешното прегласување на седум избирачки места

Утре се прегласува на седум избирачки места во изборните единици 5 и 6, а денеска гласаат болните и изнемоштени лица, затвореници и лица сместени во домовите за вонсемејна грижа. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4 521 гласач.

Во избирачкото место 2101 во Желино право на глас имаат 993 гласачи, во избирачкото место 1194 во Крушево право на глас имаат 470 избирачи, во 1202 исто така во Крушево 298, во 1272 во Охрид 712, во Долнени во избирачкото место 1470 – 659, додека во 1470/1 – 634 и во избирачкото место 1844 во Струга 755 избирачи.

Четири болни и немоќни лица се пријавени да гласаат во избирачкото место 2101 во Желино , 20 во избирачкото место 1194 во Крушево, осум во 1202 во Крушево, две во 1272 во Охрид, седум во избирачкото место 1470 во Долнени, две во 1470/1 исто во Долнени и четири болни и немоќни во избирачкото место 1844 во Струга.

Вкупно пет лица кои се на издржување казна затвор може да гласаат во затворите во Прилеп и во Скопје, а две лица ќе можат да гласаат во старските домови во Битола и Карпош.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера ги извести националните радиодифузери и радиодифузерите кои емитуваат програма на подрачјето на Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино дека за нив важат обврските за изборниот молк, кој почна од ноќеска на полноќ и ќе трае до 19 часот на 22 мај 2024 година.

По прегласувањето може да дојде до промена на два пратенички мандата, и тоа по еден во петтата и во шестата изборна единица.

Според партиските математики, најголеми се шансите ДУИ да изгуби еден мандата а СДСМ да добие еден, но според распоредот тој мандат може да го добие и ВМРО-ДПМНЕ.

Во шестата изборна единици мандатот од ДУИ може да оди на кинто на Вреди. Од ДУИ обвинија за изборен инженеринг и се заканија со протести.

На почеток