Македонија

И обвинител вплеткан во земањето 10.000 евра со судијата: синот на ексградоначалникот пријавил и второ лице

Обвинител, член на Советот на јавни обвинители е вториот пријавен во случајот каде врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за земање на 10.000 евра со цел вршење на противзаконито влијание, дознава „Скопје1“. Пријавата за ова лице доаѓа од страна на синот на ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, кој пак, одлежува затворска казна за трговија со марихуана.

Засега кај него немало претреси – обвинителот се обидува да дојде до докази.

Станува збор за лице кое е поранешен обдусман, но и министер за правда во периодот на широката владејачка коалиција, за време и по воениот конфликт во 2001 година. Во 2003 година, тој беше и втор мандат министер за правда, во првата Влада на СДСМ и на ДУИ, а краток период беше и член на Уставниот суд.

Од 2020 година, овој обвинител е дел од Советот на јавни обвинители.

Повеќе информации во текот на денот.

Претходно:

Врховниот судија Георгиев по 10.000 евра остана без имунитет, може да оди во притвор, а оддалечен е и од работното место

 

На почеток