Некатегоризирани

Се бараат мерки за Иџет Мемети од Советот на обвинители, за случајот со митото од 10.000 евра

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, е осомничен во случајот каде врховниот судија Наке Георгиев беше затекнат со 10.000 евра, пари кои ги земал за противзаконито влијание. Сега, обвинителството бара ад му се одземе пасошот на Мемети, бидејќи постојат сомневања дека тој може да се даде во бегство.

„Со предлогот, обвинителството бара судот на осомничениот да му определи мерки на претпазливост согласно чл.146 ст.1 т.2 и 3 од Законот за кривична постапка, односно обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи Судијата на претходна постапка и привремено да му биде одземена патната исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државна граница на име на осомничениот, како и забрана за употреба на лична карта на име на осомничениот како исправа за преминување на државната граница“, велат од ОЈО-ГОКК.

Станува збор обвинител кој е поранешен обдусман, но и министер за правда во периодот на широката владејачка коалиција, за време и по воениот конфликт во 2001 година. Во 2003 година, тој беше и втор мандат министер за правда, во првата Влада на СДСМ и на ДУИ, а краток период беше и член на Уставниот суд.

Од 2020 година, овој обвинител е дел од Советот на јавни обвинители.

На почеток