Македонија

(Видео) Палевски прашан каде бил за време на убиствата: Не сум бил во бегство

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не одговори каде бил за време на убиствата и искоментира: „Не смеам да говорам за истрагата“.

На прашањето зошто се дал во бегство, Палевски посочи: „Не сум бил во бегство“.

При спроводот во Кривичен суд, Палевски дека не ги сторил убиствата. Прашан од „Скопје1“ дали за тоа има докази – рече: „да“.

Тој не одговори какви докази поседува. Пред судијата на претходна постапка нема да се брани со молчење.

На почеток