Македонија

Ковачевски го свика Извршниот одбор по катастрофалниот пораз: ќе се бара конгрес за ново раководство

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски свика седница на Извршниот одбор по катастрофалниот пораз на партијата кој го доживеа на двојните избори – претседателски и парламентарни, дознава „Скопје1“.

Според информациите на „Скопје1“ единствена точка ќе е одржување на конгрес, за реизбор на партиските тела. Некои лица од раководството веќе дадоа и оставки од функциите, други пак кажаа само дека чувствуваат вина за резултатот, но останаа на фунциите.

Седницата започнала во 17 часот.

На почеток