Македонија

Сиљановска Давкова во посета на Рим и Ватикан

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск официјално ја почнува неколкудневната посета на Ватикан и Рим во рамки на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

Ова ќе биде нејзината официјална прва посета во странство по победата на изборите.

На аудиенција кај папата денеска треба да присуствува и бугарскиот претседател Румен Радев, но засега, како што велат од кабинетот на Сиљановска Давкова сѐ уште не е потврдено дали двајцата претседатели ќе имаат евентуална средба.

На почеток