Македонија

Сиљановска нема да се сретне со бугарскиот претседател: Ќе ја реализираме во првиот можен момент

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова нема да има средба со бугарскиот претседател Румен Радев во Рим.

„Обете делегации имаме агенда, но рековме дека час поскоро во првиот можен момент ќе ја реализираме. Само што излегов од кај Папата и дознав дека нема да има средба. Но останува да се видиме“, рече кратко Сиљановска.

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова предводи државна делегација во Ватикан и Рим. Во италијанската престолнина е и бугарскиот претседател Румен Радев. И двајцата доаѓаат по ист повод 24 мај, Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.

На почеток