Македонија

Опозицијата меѓу себе ќе се бори за претседател на ДИК и неколку комисии

Вчерашното прегласување во ИЕ 5 и ИЕ 6 го смени распоредот на силите во Законодавниот дом.

Ова отвора можност за борба и докажување кој е вистински најсилна опозиција. СДСМ и ДУИ сега имаат ист број пратеници, по 18.

Деловникот за работа на Собранието нема јасна одредба што во овој случај 2 или повеќе кога опозициски партии имаат број мандати. Само е наведено дека „претседател на комисија се избира од редот на пратениците од опозицијата“.

Битка меѓу СДСМ и ДУИ ќе има кој ќе биде претседател си Државната изборна комисија, а кој ќе биде прв човек на Комисијата за заштита на слободите и правата на граѓаните и на значајната Комисија за финансирање и буџет.

Нема ниту потврда ниту демант дека претседателското столче во Државната изборна комисија е посакувано за Бојан Маричиќ од СДСМ и Кренар Лога од Европски фронт.

На почеток