Свет

Претседателот на Чешка повреден во возење мотор: Задржан во болница на набљудување

Претседателот на Чешката Република Петр Павел е повреден додека возел мотор, но повредите не се сериозни, соопштија од неговиот кабинет.

„Претседателот е повреден додека возел мотоцикл“, објавија од кабинетот на претседателот на платформата Икс (Твитер), пренесе Ројтерс.

Според кабинетот, повредите не се сериозни, но Павел мора кратко да биде задржан на опсервација во болница.

Канцеларијата соопшти дека ќе обезбеди повеќе информации кога ќе станат достапни.

Павел, 62-годишен поранешен началник на чешката армија и висок функционер на НАТО, ја презеде функцијата минатата година и продолжи да се занимава со своето хоби – мотоциклизмот.

На почеток