Скопје

Еден починат, двајца ранети во пукање на Пластичарска

Вчера вечер на улицата позната како „Пластичарска“ се случи тежок инцидент, во кој едно лице почина а најмалку двајца се ранети. Убиениот е познат музичар.

Започнало со масовна тепачка помеѓу повеќе лица, по што почнало пукање од огнено оружје.

Во 23:40 пријавено е дека на булевар Никола Карев, познат како Пластичарска улица има пукање каде има повредени лица.

Повредените биле итно пренесени во скопските болници. На лице место беа излезени екипи на Јавното обвинителство и на МВР.

На почеток