Македонија

Треба да лечиме или да баеме?! Матичните доктори добија мејлови со намалување на сумата од капитација за терапија, алармира Дервишова

Претседателката на Здружението на приватни лекари, Лили Чолакова-Дервишова алармира дека за време на викендот кој измина, здравствените власти решиле да ја намалат сумата за капитација во два дела во однос на препишана терапија, која ја земаат матичните доктори. Таа бара итна промена на буџетот.

“За викендов матичните доктори добија мејлови со намалување на сумата од капитацијата и за делот на хронична тетапија и во делот за антибиотици и анксиолитици!!! Дали треба не квалитетно да лечиме,дали треба да баеме!!! Под итно да се смени буџетот за лекови за матични доктори!!! Огромен дел од лековите кои ги пропишуваме се по препорака од специјалисти,антибиотици,анксиолитици и се друго.Не смее само нас да ни се крати за работење“, напиша Чолакова-Дервишова па додаде:

„Дали знаете колку проблеми има народов??? Ние сме доктори За нас на прво место е здравјето на нашиот народ!!! Дали се слушаме??? Под итно да се донесе промена на буџет на Управен на ФЗОМ,кој ќе важи ретроградно од почеток на годината!!! Со месеци има некоја сува кашлица кај пациентите која трае по три недели и како да ја лекуваме ,со волшебно стапче??? Кили направија луѓето од кашлање!!! Огромен број влезови,нема блокирани болници,еден тон разводи,фамилијарни проблеми,животов не им е розов на луѓево и мора терапија да примаат за да го издржат притисокот на времето и животот!!! Чекаме одговор…“

На почеток