Свет

НАТО ја обвини Кина

Столтенберг: НАТО будно ја следи ситуацијата во Полска

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја истакна улогата на Кина во руската инвазија на Украина.

Столтенберг рече дека Кина „ја поддржува воената економија на Русија“ и дека ја зголемила трговијата со Русија од почетокот на војната во Украина.

Столтенберг, исто така, истакна дека Кина и испорачува на Русија опрема за двојна намена и дека испорачала 90 отсто од руската микроелектроника, која се користи за производство на ракети, тенкови и авиони.

„Без оваа економска поддршка од Кина, Русија не би можела да води војна како што тоа го прават во Украина“, рече тој, повторувајќи дека Пекинг „во ниту една фаза не ги осудил“ дејствијата на Русија во Украина, пишува Teletrader.

На почеток