Се урна дел од зграда во Кина: Загинаа 4 лица, едно девојче тешко повредено

Од
Објавено на

Четири лица загинаа, а 12-годишно девојче е тешко повредено при делумно уривање на станбена зграда во градот Тонглинг, провинцијата Анхуи во источна Кина, соопштија локалните власти.
Едната страна од петкатницата се урна во понеделникот, а првичната истрага покажа дека пет лица се водат за исчезнати, јавува Ксинхуа.
По операцијата за пребарување и спасување рано утринава, пронајдени се телата на четири лица, како и тешко повредено 12-годишно девојче.
Жителите на зградата се евакуирани бидејќи постои опасност од дополнително уривање.
