Доставувач ограбен среде Скопје: го нападнале со остар предмет и му земале пари и чанта

Од
Објавено на

На 27.05.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(26) од Скопје пријавил дека околу 12.45 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, додека извршувал работни задачи – доставувач за приватна фирма, две лица физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле чанта со службени и негови лични пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
