Фатен телефонски измамник од Битола: Земал 398.000 денари претставувајќи се како лажен инспектор
Од
Објавено на
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.М. (37) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 15.05.2024, пријавениот ѝ се јавил на 76 – годишна жена, ѝ се претставил како инспектор во полиција во Охрид, при што ја известил дека нејзината внука направила сообраќајна несреќа во Охрид во која прегазила дете мигрант, чии родители барале пари.
Истиот ден, кај оштетената дошло друго лице на кое таа му дала 398.000 денари.