Скопје

На скопјанка и се запали автомобилот пред полициската станица Пролет

На 28.05.2024 во 16.25 часот во СВР Скопје, С.А.(29) од Скопје пријавила дека пред полициски објект на подрачјето на Центар, додека го управувала нејзиното патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, настанал пожар.

Пожарот бил изгаснат со интервенција на полициски службеник со противпожарен апарат, а потоа и од Бригадата со противпожарна заштита Скопје.

Повредени лица нема, а полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.

На почеток