Македонија

Петровска: Членството ќе одлучи дали јас сум идниот претседател на СДСМ

„Доколку сакате потврда за кандидатурата за која што подолго време размислувам и ја најавувам, денеска конечно падна одлуката дека ќе се кандидирам за претседател на СДСМ. Одговорот дали јас ќе бидам идната претседателка ќе го даде членството на партијата “ вели ексминистерката за одбрана и сегашна пратеничка Славјанка Петровска, во вечерашниот „Претрес со Ландов“.

Согласно статутот на СДСМ, претседателот на партијата се бира на непосредни избори кои, соглсно роковникот се закажани за 30-ти јуни, рече Петровска.

„Ќе се кандидирам затоа што, долго време сум во партискиот живот на СДСМ или во политиката, не сум сменила политичка партија. Политичката определба ми била секогаш таа, социјалдемократија“- потенцираше Петровска.

Каков е престижот да бидеш лидер на губитничка партија? Во СДСМ има видливи поделби на крила и јавни караници. Кој е против кого и зошто? одговара Петровска во „Претрес“.

Следете не во живо и поставувајте ги вашите прашања:

На почеток