Свет

Хорор во Крагујевац: Пронајдени две безживотни тела

Почина бремена жена во Србија, семејство слета во кањон длабок 100 метри

Две лица во два одвоени случаи биле пронајдени мртви синоќа во Крагујевац. Според информациите на Вишото јавно обвинителство, безживотно тело на маж најпрво било пронајдено во населбата Вашариште.

На телото му се гледа убодна рана со остар предмет. Поради сомнение дека е убиен под засега неразјаснети околности, во рамки на истрагата е наредена обдукција.

Малку подоцна, 84-годишна жена е пронајдена мртва во Бубањ, на улицата „Црвен крст“.

Причината за смртта се утврдува, а не е исклучена можноста таа да е убиена.

Имено, постојат сомнежи дека за нејзината смрт може да биде одговорен нејзиниот син, кој е психијатриски пациент. По овој настан тој е сместен на Одделот за психијатрија на Универзитетскиот медицински центар Крагуjевац.

На почеток