Македонија

Уставните судии не можат да си изберат претседателка, фали двотретинско мнозинство

Уставниот суд останува без претседател, оти ниту една од двете кандидатки нема добиено потребен број на гласови односно двотретинско мнозинство. Ова би значело нова криза бидејќи судот ќе биде нефункционален.

Кандидатки се Татјана Васиќ-Бозаџиева која има пет гласови и Ана Павловска-Данева која има четири гласови. Ниту една, нема намера да се повлече за да се гласа за еден судија и да се добијат потребниот број гласови.
Трет обид за гласање ќе има попладнево.

На почеток