Свет

Зеленски пристигна во Стокхолм

Претседателот на Украина Володимир Зеленски пристигна во Стокхолм, каде ќе учествува на третиот самит на Украина и Северна Европа.

„Украина денеска ќе зајакне, што ќе биде резултат на поддршката на нашите принципиелни и доследни сојузници, како и на новите безбедносни договори“, напиша Зеленски на својата сметка на мрежата Х, пренесува Укринформ.

Тој посочи дека главен приоритет на средбата ќе биде обезбедувањето повеќе системи за противвоздушна одбрана, заеднички проекти на одбранбената индустрија и оружје, како и глобалните напори за „принуда на Русија на мир“.

Зеленски ќе се сретне со шведскиот премиер Улф Кристерсон, финскиот претседател Александар Стуб, данската премиерка Мете Фредериксен, норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и исландскиот премиер Бјарни Бенедиксон.

„Украина ќе потпише три безбедносни договори во еден ден, воспоставувајќи предвидлива и долгорочна одбранбена помош и сеопфатна поддршка“, рече Зеленски, додавајќи дека ќе се сретне со шведскиот крал Карл Шеснаесетти и со претставници на одбранбените компании.

На почеток