Македонија

Скопјанец натепал полицаец, а струмичанец агресивно се однесувал кога го застанале со автомобил

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.П.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 12.12.2023, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

На 31.05.2024 во 03.55 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.В.(40) од село Водоча, струмичко. Тој на 30.05.2024 на магистрален пат А-4 Струмица—Радовиш, на место викано „Градашорска крстосница“, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против К.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток