Свет

Русите повторно го нападнаа Харков: Едно лице загина, две лица се повредени во гранатирање

Едно лице загина, а две се повредени во напад на руските сили врз областа Харков, соопшти денеска гувернерот Олех Синехубов.

Тој изјави дека објектите на рекреативниот центар биле оштетени во нападот во областа Змивски, пренесува Ројтерс.

Руските напади врз Харков, центарот на Харковската област, која граничи со Русија, зачестија во последните недели откако руската војска започна нова офанзива во областа.

На почеток