Свет

Повеќе луѓе се водат за исчезнати во поплавите во Германија, дождовите и невремето во Баварија и понатаму беснеат

Поплави во Њујорк, прогласена е вонредна состојба

Неколку лица се водат како исчезнати во поплавите што го погодија југот на Германија, а меѓу нив е и 22-годишен пожарникар во градот Офинген во сојузната покраина Баден-Виртемберг, кој е осомничен дека се давел.

Досега, како што беше најавено вчера, најмалку пет лица загинаа во поплавите, а германската метеоролошка служба (DWD) објави дека денеска и утре се очекуваат нови врнежи и невреме во Баварија, додека пообилни врнежи најверојатно ќе го зафатат само источниот дел на Алпите, пренесува Tageschau.

Нивото на водата постепено опаѓа во некои делови на јужна Германија, но ситуацијата е се уште сериозна, особено во Баварија покрај Дунав каде нивото на водата се уште е високо. Во градовите Пасау и Регенсбург, нивото на предупредување се уште е на највисоко, четврто ниво, објави Информативната служба за поплави (ХНД).

Тагешау додава дека поради повеќе пријави за исчезнати лица, се стравува дека ќе има повеќе жртви во поплавите.
32-годишна жена во вторникот била пронајдена дехидрирана од дронови на дрво во шума во Зилбервалд, каде што се искачила во неделата кога нивото на водата почнало да расте. Премиерот на Баварија Маркус Седер најави дека сојузната држава ќе додели најмалку 100 милиони евра помош за домаќинствата, стопанствениците, самовработените, земјоделците и шумарите погодени од поплавите.

Обилните врнежи во саботата предизвикаа поплави во јужните германски покраини Баварија и Баден-Виртемберг.

На почеток