(Видео) Судар на два трамваи во Русија: Речиси 70 луѓе се повредени
Во судир на два трамваи во Кемерово, Русија, повредени се 67 лица, објави вршителот на должноста гувернер на Кузбас, Илја Середјук на својот канал Телеграм.
“Вкупно 67 лица се повредени. Тројца се во тешка состојба – двајца се на интензивна нега, еден на операциона сала. Лекарите се борат за живот. Десет лица се упатени на амбулантско лекување”, напиша Сереџук.
Претходно беше соопштено дека во болница се примени 40 повредени, од кои тројца се во тешка состојба и дека уште 10 лица сами се упатиле во Ургентниот центар, пренесува РИА Новости.
Несреќата се случила денес рано наутро на автопатот Логоваја во Кемерово, а по тој повод надлежното обвинителство формирало кривична истрага.
Поради несреќата, формиран е оперативен штаб на чело со градоначалникот на Кемерово, Дмитриј Анисимов.
#UltimaHora
Dos tranvías chocaron en Kemerovo Rusia.
67 personas resultaron heridas y dos pasajeros salieron volando de la cabina directamente a la carretera.
A uno de los tranvías le fallaron los frenos y golpeó por detrás al otro tranvía pic.twitter.com/6IVx4jNGka— Manfred Paz (@mane_sabio) June 6, 2024