Свет

Девојка од Косово пронајдена мртва во стан во Швајцарија: Се огласи нејзиното семејство

Ден по масакрот, полицијата во Прага нареди: Внимавајте на училиштата

Витеса Кукалај (27) од Базел, по потекло од Дечани во Косово, била пронајдена мртва во својот стан во Швајцарија.

Како што пренесуваат швајцарските медиуми, станува збор за млада девојка која со години живее со родителите во Базел.

Кантоналната полиција и Обвинителството во Швајцарија го истражуваат овој случај како сомнителна смрт.

Веста за смртта на 27-годишната девојка ја објави нејзиното семејство на социјалните мрежи.

„Со длабока тага ги известуваме нашите роднини, пријатели и добронамерници дека нашата најдрага Витеса Кукалај почина на 27-годишна возраст. Погребот ќе се изврши на 6 мај во 14 часот на гробиштата во селото Вокш. Витеса не остави млади, оставајќи не засекогаш тажни. Ќе ја паметиме со копнеж и љубов“, се наведува во соопштението.

На почеток